ВМРО-ДПМНЕ против декласификација на документите од АНБ. Само судот и обвинителството можеле да бараат а не и партиски нарачки

t

„СДС блефира и свесно бара нешто што е невозможно да се направи ако сакаме да постои правна постапка. Декласификација на документи се врши исклучиво согласно закон, и тоа во судска постапка, по барање и одлука на надлежните органи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на ставот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за објавување на документите и информациите за наводното прислушување врз премиерот Христијан Мицкоски, бизнисмени, новинари…

Со оглед на тоа дека за сите информации поврзани со незаконското работење во АНБ е веќе известено Јавното обвинителство, истакнуваат од партијата на власт, понатамошното постапување останува во нивна надлежност. Според нив, „прашањето за декласификација на документи може да биде дел само од постапките што се водат од страна на обвинителството и судот, а не од партиска нарачка на СДС“.

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

„СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување.
За ова има јасна постапка по која АНБ може да ги обелодени сите информации и документи. Случајот треба да биде достапен на јавноста за да се суди дали и кој ја злоупотребил функцијата во службите за безбедност.
Доколку АНБ ова не го направи, ќе биде јасно дека ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација. Исто како што беа случаите за неколку дестабилизации, за следење со дронови, за обиди за поткуп од странски компании на премиерот и слични приказни за кои никогаш ништо не се дозна ништо повеќе.
ВМРО-ДПМНЕ си игра со безбедносниот апарат и го користи за дневна политика исто како што тоа го прави со сите други сериозни национални прашања.
Ова е одлика на инфантилни политичари и популистички партии, чиј единствен интерес е како да го оттргнат вниманието од проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Добро е што веќе никој не им верува на овие потрошени стратегии од времето на Никола Груевски, кои сега се рециклираат во услови кога Владата нема никаков резултат.“ стои во објавата.

 

facebook

Back to top button
Close