ВМРО-ДПМНЕ: Расте незадоволството во СДС

Расте незадоволството во СДС и потребата од итни реформи во врвот на СДС. СДС е во длабока криза која е резултат на недовербата во актуелното раководство особено лидерот Венко Филипче, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Незадоволството од изборниот резултат расте и кај членови, симпатизери и поранешни функционери на СДС кои се дистанцираат а некои од нив и ја напуштија партијата незадоволни од насоката во која се движи партијата. Венко Филипче ја губи довербата кај членството поради недостиг на визија, стратегија и кредибилитет“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „Филипче со соочува со сериозен пад на довербата и поради блискоста и силното влијание на Заев во партијата. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, за тесно партиските интереси на мал круг на луѓе и лукративните цели на кланот Заеви. Филипче делува како продолжена рака на Заев и е следбеник и континуитет на погубните политики на Заев кои ја доведоа СДС до историски пораз“.

„Неколку блиски соработници се дистанцираат од Филипче токму поради тоа што сметаат дека нема лидерски капацитет а одлуките ги носи под влијание на Заев. Особено се истакнува случајот со познат доктор и поранешен градоначалник кој одбил функција поради Филипче и неговата зависност од Заев. Евидентни се потребите од итни реформи во врвот на СДС за да се прекине влијанието на Заев и да се врати кредибилитетот на СДС“ е партискиот став

Back to top button
Close