ВМРО-ДПМНЕ размислува за иницијатива до Уставен за дадениот мандат на Заев

ВМРО-ДПМНЕ е на план да поднесе иницијатива до Уставниот суд, откако претседателот Стево Пендаровски му до додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

За партијата, мандатот е узурпиран од Заев, за кого велат дека нема обезбедено мнозинство.

„Во моментов Стево Пендаровски го узурпираше мандатот доделувајќи му го на еден пратеник, ист како и 119 други пратеници коишто се во Собранието, Зоран Заев којшто нема мнозинство. Му го додели мандатотот и практично го узурпираше се со цел да му даде повеќе време, дваесетина дена да купи време за да може на непринципиелен начин да се обиде да народски кажано „лови пратеници“ од остатаните листи коишто партиципираат во Собранието со непринципелни методи. Секогаш кога ќе биде прекршен Уставот, Уставниот суд е должен да излезе и да го заштити уставот, така да размислуваме за уставна иницијатива и многу набрзо ќе се знае конкретниот чекор во однос на поднесување на истата- изјави Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

По средбата во вила Водно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги замрзнува односите со Пендаровски.

Претседателот на државата, пак, во завчерашното обраќање до јавноста, потенцира дека мнозинството не се докажува со доставување потписи кај него, туку во Собранието.

-Ако за 20 дена Заев не направи влада, ве уверувам дека Мицкоски на истекот од тој рок ќе дојде од сабајле овде во оваа институција да го бара мандатот, иако односите му се замрзнати – рече Пендаровски.

Back to top button
Close