ВМРО-ДПМНЕ: Салиу призна дека носел пиштол и придонел за ескалација, зошто сега СДС не мисли дека напад врз полицаец е напад врз државата?

Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“. Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата? Што е различно во овој случај?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните. Зошто СДС е засегната партија во овој случај? Дали СДС заговара непочитување на законите?

Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДС

Back to top button
Close