ВМРО-ДПМНЕ: СДС го брани Мадуро затоа што е вмешана во венецуелските милиони и криминалот со Еуростандард

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ.

СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата. СДС е на страната на Мадуро а има и зошто бидејќи за време на владеењето на СДС во Македонија пристигнале 110 милиони евра од Венецуела, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Високи поранешни и сегашни функционери на антимакедонската СДС се вмешани во овој криминал.

Во 2019 година, 110 милиони евра од Венецуела под меѓународни санкции влегле во Македонија преку нерезидентни сметки во Еуростандард банка.

Парите пристигнувале во период кога во Венецуела имало крвави протести и засилени санкции против режимот на Николас Мадуро. Ова се податоци од извештајот за пропаѓањето на Еуростандард банка изготвен по нарачка на Трифун Костовски.

Еуростандард банка била канал за пробивање на санкциите, што го алармирало Финансиското разузнавање и довело до постапка

Според извештајот, 10 милиони евра од овие средства биле дадени како кредити на „најекспонирани“ или „омилени“ клиенти на банката.

Народната банка во август 2019 година наложила прекинување на релациите со сомнителни нерезидентни клиенти поради ризик од перење пари.

Во извештајот се наведува дека раководството на Еуростандард барало заем од 17 милиони евра директно од Венецуела за рекапитализација на банката.

Претседателот на Управниот одбор, Николче Петковски патувал во Венецуела за преговори за заем, но без успех.

Директен учесник во пропаѓањето на Еуростандард банка се Заеви. Таму кредити без покритие земал братот на Зоран Заев, менторот на Филипче, Вице Заев.

29 фирми од Струмица меѓу кои и Сарај Инженеринг на Вице Заев како и Глобал медиа груп и Тритерол кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви земале кредити без покритие и со невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра.

СДС не може да бега од фактите и вистината од нивното криминално владеење.

СДС на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата и јасен сигнал кого штитат и колку се далеку од демократијата

Секогаш кога треба да се осуди криминал, СДС избира молк.

СДС, под влијание на своите ментори и ПР-стратези од северот, се вброи меѓу ретките партии кои индиректно го поддржуваат Мадуро и неговиот режим.

Додека демократскиот свет реагира, раководството на СДС молчи. Очигледно, Венко Филипче има поважни приоритети како зимски одмор и скијање во Гармиш-Партенкирхен, во друштво на Зоран Заев.

Дали СДС се откажа од стратешкиот партнер САД?

Зошто СДС нема ниту став, ниту осуда за апсењето на еден од најпознатите симболи на режим, диктатура и нарко-картели?

Молкот на СДС е показател дека СДС е далеку од вредностите на демократијата и слободата.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на меѓународните настани се јасни и доследни, а Македонија како членка на НАТО и партнер на САД ја поддржува стратешката соработка со своите сојузници, но истовремено принципиелно се залага за почитување на меѓународното право и дипломатски решенија. Во тоа нема никаква контрадикторност, туку одговорна и зрела надворешна политика за разлика од времето на СДС.

СДС да не мисли дека ја „скија“ јавноста со бесмислени тези и соопштенија, додека Филипче скија во Гармиш-Партенкирхен со инструкторот Заев.

П.С Уште колку ќе трае скијачкиот одмор на Филипче и политичкиот хаос во СДС?

Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја

СДС не се на власт поради тоа што го погазија македонскиот идентитет, јазик и историја. Го променија знамето, името и Уставот. И кога СДС говори за евроинтеграции најголемиот успех е сликата од авионот.

Нивните “успеси” се срам за македонските граѓани.

Среќа што СДС не е на власт, инаку ќе бевме кандидати за влез во ЕУ како малцинство во Бугарија, кое зборува бугарски јазик и има бугарска историја. До толку ја сакаат власта да би прифатиле да бидеме и бугарска покраина, а за Гоце, Даме, Сандански уште утре ќе напишат дека се Бугари.

Но, затоа и не се на власт. Затоа што граѓаните ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ќе ја внесе Македонија во ЕУ, без да се погази волјата на граѓаните.

Back to top button
Close