ВМРО-ДПМНЕ: СДС го партизираше судството со предлозите како Ана Павлова Данева партиски потпретседател и Јадранка Дабовиќ, носител на листа на СДС за Град Скопје

– Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДС. Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор. За разлика од последните два предлози на СДС кои беа целосно партиски решенија. Како Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДС и Јадранка Дабовиќ, носител на СДС за Град Скопје на локалните избори во 2005 година, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека судијката Даниела Алексовска Стојановска, во семејната куќа во Ранковце, смести општински штаб на СДС.

Оттука јасно е направи тотална партизираност и контрола на судството. Тоа се токму СДС кои судиите и обвинителите ги бираше во штабот на Бихаќка.

И наместо да одговори која е поврзаноста на Венко Филипче и Зоран Заев со нелегалното производство и трговија со марихуана, СДС лута од тема на тема.

Во овој контекст, да дефокусираат од вмешаноста на Филипче и коланот Заеви во наркобизнисот, зад параванот медицински канабис, е и нападот на СДС на Наумовски.

Back to top button
Close