ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го потценува народот кога вели дека Ралев се приклучил за личен бенефит
Наместо да сфатат дека проблемот е во нив, СДСМ покажува дека не трпи пораз ниту вистина. Лицемерно е што мислат дека се работи за личен бенефит, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изнесениот став од страна на опозициската СДСМ за спојувањето на професорот и архитект Мишко Ралев со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„СДС наместо да се запраша зошто сè повеќе луѓе ги напуштаат, тие продолжуваат со навреди и омаловажувања. Но, проблемот не е во оние кои си заминуваат, проблемот е во СДС. Според ова, секој што не е со нив, тоа го прави поради личен бенефит. Што е навреда и потценување на народот. И е навреда за сите, освен за оние нивни 6 проценти поддржувачи“стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека е лицемерно СДСМ да зборува за личен бенефит, затоа што партијата ја претворила Владата во приватна фирма кога претседател беше Зоран Заев, а Венко Филипче бил симбол на „здравствени тендери со мирис на скандал“.
ВМРО-ДПМНЕ во истото соопштение ги обвинува и Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ, Бојан Маричиќ, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски дека служеле како извршители во рушењето на правниот поредок и ја деградирале демократијата.
„А сега, навредуваат секој што не сака повеќе да биде дел од нивниот хаос. Не постои поголем комплимент за некој човек од тоа СДС да го нападне. Затоа што ако СДС ве мрази, значи дека нешто вредите“ се вели во соопштението.
Сето ова следи откако градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави заедничка фотографија со деканот на факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“-Скопје, Мишко Ралев