ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ нема план и визија како да го зголеми домашното производство на храна

 

Поради неспособноста на власта, Македонија остана без храна.

СДСМ нема ниту знаење, план и визија како да го зголеми домашното производство на храна.

Секој ден СДСМ што пласира во јавноста е само гол популизам и презентирање на задоцнети мерки.

Со распишувањето на над 5.000 хектари за производство на стратешки култури е промашена оваа производна година, а тоа значи власта ќе мора пак да моли во соседството за количини пченка, пченица и брашно.

СДСМ ако сакаше да интервенира со навремени мерки требаше уште во јануари да го распише слободното државно земјиште на оглас за да се фати сеидбениот план навреме.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close