ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно шири лаги и се обидува да ја замајува јавноста со невистини за наводна партизација

Соопштение на Вмро дпмне

СДСМ повторно шири лаги и се обидува да ја замајува јавноста со невистини за наводна партизација.

Фактите се јасни – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги повторува нивните грешки. Додека беа на власт, токму тие ја претворија администрацијата во партиски штаб, а сега, кога се во опозиција, очајно се обидуваат да ги покријат сопствените неуспеси со евтини обвинувања.

Но, вистинската причина за оваа хистерија на СДСМ е нешто друго – нивната упорна желба да останат вазали на ДУИ. Наместо Ахмети и Груби сами да се правдаат за скандалите и катастрофалните политики што ја уназадија државата, СДСМ им ја завршува валканата работа, лаејќи по ВЛЕН. Овој нивен рефлекс е одамна познат – служат како кучиња-загари на режимот кој доживеа колапс на изборите.

СДСМ ќе се увери дека и во ова погрешиле, но џабе – кога памет, очигледно, не им доаѓа, стои во соопштението на владеачката  ВМРО ДПМНЕ.

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити партиски настан во Шуто Оризари кажа дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања на Албанци во државна и јавна администрација отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“ рекол Меџити

Back to top button
Close