ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе прераснува во шовинистичко здружение, вели Османи по обвинувањата за кршење на Законот за употреба на јазици
Во фејсбук-објавата, шефот на дипломатијата приложува и видеоснимка од прес-конференцијата која во петокот ја одржа заедно со шефот на шпанската дипломатија во просториите на македонското Министерство за надворешни работи. Од приложената снимка може да се забележи дека обраќањето на Османи на прес-конференцијата е на македонски јазик, по што министерот се обраќа и на албански јазик
Претходно ВМРО-ДПМНЕ го повика Османи да си поднесе оставка од функцијата, а надлежните органи да поведат постапка за кривична одговорност против него зашто на прес-конференцијата со својот шпански колега во петокот зборувал на албански, наместо на македонски јазик кој според Уставот е службен јазик во меѓународната комуникација
Министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево преку својот фејсбук-профил лично ги отфрли како невистинити обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оти за време на прес-конференцијата со својот шпански колега Хосе Мануел Албарез Буено не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата, туку дека говорел единствено на албански јазик.
„ВМРО-ДПМНЕ сè повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите подржувачи кога на светите празници изнесува лаги и невистини, а уште помалку останатите граѓани кои постојано ги навредува и омаловажува, ширејќи етничка омраза и нетрпеливост“пишува Османи на Фејсбук.
Во фејсбук-објавата, Османи приложува и видеоснимка од прес-конференцијата која во петокот ја одржа заедно со шефот на шпанската дипломатија во просториите на македонското Министерство за надворешни работи.
Од приложената снимка може да се забележи дека обраќањето на Османи на прес-конференцијата е на македонски јазик, по што министерот се обраќа и на албански јазик.
Претходно денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повика Османи да си поднесе оставка од функцијата, а надлежните органи да поведат постапка за кривична одговорност против него зашто на прес-конференцијата со својот шпански колега во петокот зборувал на албански, наместо на македонски јазик кој според Уставот е службен јазик во меѓународната комуникација.
На ваквите обвинувања, пак, МНР реагираше со демант, наведувајќи дека за време на празник, опозициската партија преку лаги и целосно измислени факти создава етнички тензии и поделби во општеството.
„Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни, и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми“порачаа од МНР.
ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Османи поради кршење на Законот за употреба на јазиците, од МНР одговорија со демант