ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е градоначалник со 19 возачи, вработува уште 135 партиски војници
Наградно прашање е колку возачи треба да има еден градоначалник? До сега во градот Скопје се 19-тина на број, но се чини дека на Шилегов тие не му се доволни, па треба да се наплати она што е ветено како вработувања од партиските списоци на СДСМ и без разлика што е економска криза и пандемија, кога градовите низ светот вложуваат да ја надминат здравствената криза, Шилегов исполнува партиски агенди за вработувања, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој во тек на рецесија вработува стотици партиски кадри, при 19 вработени возачи, вработува нов возач, а и измислено работно место за раководител на одделение за европски интеграции. За СДСМ нема рецесија само во криминалот и партиските вработувања, затоа Шилегов сега ќе вработува во сред економска криза дури 135 луѓе. Шилегов си измислува работни места како што цени дека е потребно само за да вработи партиски кадри, во време кога народот трпи за леб, а има над 55 000 дополнителни невработени. Ново работно унапредување за претходниот возач и ново место за негов нов возач, при 19 други вработени возачи во градот Скопје може да го смисли само градоначалник чиј приоритет се китенките за нова година од здравствената заштита. Во последниве неколку години Шилегов имаше партиски огласи во низа, прво беа огласите за привремени вработувања во Дрисла и Комунална хигиена во вредност од над 300 илјади евра, за изборен поткуп, потоа огласите за вработување во ЈСП каде се вработуваа во очи на претседателките избори дури 400-ни партиски војници. Да потсетиме дека во тој период Шилегов за Јавните претпријатија за изборен поткуп направи 700-тини партиски вработувања, а ја лажеа јавноста дека веднаш по изборите ќе ја намалуваат администрацијата. Како Шилегов кој пред три години велеше дека градските претпријатија се превработени, сега повторно и тоа во тек на економска криза и на товар на буџетот на градот повторно ќе вработува партиски. При тоа да биде сомнежот поголем за Шилегов кој досега не направи еден добар проект за скопјани, како да го реши проблемот со загадувањето, градот нема објаснување дали има зголемен обем на работа или активности, ниту на кој начин го оправдува ваквото трошење за партиски вработувања во време на пандемија. 135 безпотребни партиски вработувања при превработеност, беспарица, пандемија и тон нереализирани проекти за решавање на загаденоста во главниот град, истакнуваат од опозицијата.
По недомаќин и човек кој на најрасипнички начин ги троши без осет парите на граѓаните од Шилегов нема, додаваат од таму.