ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна условна казна за докторката од Онкологија – призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи

Судството и обвинителството од ден на ден покажуваат само едно, дека работат исклучиво под диктат. И тоа под диктат на СДС и ДУИ. Правосудниот систем никако не е расположен да донесе пресуда во корист на обичните граѓани. За ова говори и последната судска одлука, онаа за докторката Мери Пешевска од Клиниката за онкологија и радиотерапија која е најблаго кажано скандалозна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За Пешевска заедно со уште неколкумина од Клиниката за онкологија имаше обвинение за, внимавајте, несовесно лекување пациенти. За делото за кое се товари Пешевска предвидена е казна затвор до три години. Пешевска, на рочиште пред Судот минатата недела рече дека за седумтемина пациенти за кои е обвинета не е сигурна дека таа ја продолжувала терапијата?! Внимавајте, докторката не е сигурна дека ја продолжила терапијата, бидејќи како што самата посочи, нејзиниот печат во тој период стоел на шалтер и тоа го направила со цел побрзо да ја земат терапијата и да не чекаат пациентите“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата со став „Пешевска сакала демек пациентите да не чекаат, си го оставила печатот, а за последиците очигледно не размислувала ниту таа, а се покажува и дека Судот не е баш заинтересиран за судбината на пациентите. Пешевска призна вина, а Судот со леснотија и изрече условна казна две година. Во превод тоа значи таа само не треба да стори друго кривично дело во период од две години, односно слободна е“.

„Докторката само призна вина, а Судот со леснотија речиси ја ослободи?! Скандалозната одлука на надлежниот Суд говори за неправедна, произволна или заснована на надворешни влијанија одлука, влијанија евидентни подолг период. Или Судот не постапува на основа на закон и факти. Судството со ова покажува дека е само маша на Венко Филипче и СДС. Ова судство само ја поткопува јавната доверба во правосудниот систем и претставува сериозно кршење на принципите на правдата, еднаквоста и владеењето на правото“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close