ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е што за Заев средбите на неговите коалициски партнери со мафијаши се легитимни
„Скандалозно е што Заев вели дека е легитимно неговите коалициски партнери да имаат средба со мафијаши. Во која друга земја пратеник од власта е во друштво со мафијашки структури, во која друга земја полицајци се лично обезбедување на мафијаши. Спасовски вади пасоши за мафијаши, полицијата ги чува, а Заев одобрува, ова накратко е шемата по која се делеле пасоши и државата овозможувала логистика за наркокартелите – пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат министерот Оливер Спасовски да одговори, зошто нема потерница за луѓето што ги користеле пасошите од аферата „Мафија“ и зошто никој не проверува дали има синџир на перење пари организиран од овие наркобосови.
„МВР на Спасовски досега обезбедувал логистика на лица поврзани со италијанската, албанската, црногорско српската и турската мафија. Заев и Спасовски ја претворија државата Колумбија на Балканот – се наведува во партиското соопштение.