ВМРО-ДПМНЕ со контра-резолуција на резолуцијата на СДСМ за мигрантите. Бараат „дезинформациите“ за кампови да се осудат и тие што пишуваат за тоа да одговараат.

„Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации, манипулации и дезинформации кои опозицијата ги изнесува во медиумскиот простор, ја свикавме оваа прес-конференција за да ја претставиме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција”.

Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните.

Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи.

ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со којашто беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси.

Дозволете накратко, да ја претставиме Резолуцијата.

Таа е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување.

Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на партиската прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close