ВМРО-ДПМНЕ со контранапад по обвинувањата кон Арсовска: Каевски одработува за станот

Опозицијата реагираше откако пратеникот на СДСМ презентираше документи како аргумент дека кандидатката за градоначалничка на Скопје, поддржана од опозицијата, направила долг за струја од 54 илјади евра, како сопственичка и управителка на две фирми

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, дека одработува за стан што го купил и за депозит што го имал во банка откако тој, на денешната прес-конференција, презентираше документи како доказ дека кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, направила долг за струја од 54 илјади евра, како сопственичка и управителка на две фирми.

„Дали Каевски мора да ги одработува станот и четирите милиони денари, со  ширење на лаги и клевети за ВМРО-ДПМНЕ и за Данела. Каевски треба да каже, а и ДКСК да отвори случај, како тој со само триесетина години се стекнал со стан во Скопје, за кој тврди дека чини 60 000 евра и со четири милиони денари депозит во банка. Тоа се над 125.000 евра за еден млад триесетгодишник. Каевски само пет години е функционер со плата од 1 000 евра. Ако се претпостави дека целата ја одвојувал на страна, без да јаде или троши денар од неа, доаѓаме до сума од 60 000 евра, но од каде му се другите 65.000 евра“

реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Каевски, повикувајќи ја Антикорупциската комисија веднаш да отвори предмет.

Back to top button
Close