ВМРО-ДПМНЕ со контраслоган: СДСМ е најлошото за нашата општина

Од опозициската партија реагираа на најавената теренска кампања на владејачката партијаНајдоброто за нашите општини е СДСМ и Зоран Заев да си заминат, реагираа вечерва од опозициската патија ВМРО-ДПМНЕ, на најавената теренска кампања на владејачката партија во пресрет на локалните избори под слоганот „Најдоброто за нашата општина“.

„Најдоброто за нашите општини е да си замине СДСМ и Заев зашто украдоа 1 милијарда евра пари од граѓаните, затоа што долгот изнесува 63 проценти или секој човек должи по 3 500 евра со СДСМ, затоа што лицето на СДСМ е Боро Марлборо, Курто Дудуш и градоначалникот измамник Петре Шилегов, затоа што Охридското езеро влезе во црвената зона на најзагадени езера со што се доведе под прашање заштитата од УНЕСКО, затоа што Шилегов излажа дека ќе гради тунели под Кале, подземни и надземни сообраќајници, нови булевари, а наместо тоа Скопје доби три зелени жардиниери и гинко дрво“,се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ вечерва заедно со соопштението испратија и слоган кој е одговор на слоганот на СДСМ, кој гласи: „СДСМ најлошото за нашата општина“.

Back to top button
Close