ВМРО-ДПМНЕ: Со неспособниот Филипче, први по смртност, а последни по вакцинирање од Ковид

Со неспособниот Филипче, први по смртност, а последни по вакцинирање против КОВИД. Венко Филипче 2 месеци не може да спроведе вакцинација за сезонски грип, а најавува вакцинација против КОВИД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека десетици илјади граѓани 2 месеци чекаат вакцина за грип, која требаше да ја примат уштр во октомври.

-Системот е целосно крахиран. Вакцина уште нема. Истиот тој Филипче кој не е способен да обезбеди вакцина против сезонски грип сега најавува КОВИД вакцинација. Како мисли Филипче дека граѓаните ќе му веруваат кога не е способен да направи обично вакцинирање, дека ќе може да направи масовна вакцинација?! Уште сега апелираме, да се направи план за КОВИД вакцинација и да се вклучат сите потребни експерти. Да не се доведеме во ситуација како држава да имаме редици луѓе пред болниците и нови потенцијални кластери. Во меѓувреме е потребен посериозен пристап. Секој ден бројот на заболени од КОВИД е над 1000. Секој ден се рушат негативни рекорди и државата се завива во црно со десетици мртви.
На врвот сме по бројот на смртни случаи на милион жители. Македонија е завиена во црно. Венко Филипче наместо да понесе одговорност оди низ Македонија и си тера партиска кампања. Филипче не е само партиски функционер на СДСМ, туку и министер за здравство, а како таков здравјето на граѓаните мора да му биде на прво место. Но тоа во изминатиов период не го покажа. А нема ни образ за да си поднесе оставка, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close