ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на Канал 5. Бара  Ковачевски итно да се извини

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите со лажни обвинувања на владиниот советник Исмет Рамадани и обидите за загушување на слободата на говор изразени на емисијата „Само Вистина” на Канал 5.

„Владата и Ковачевски треба под итно да се извинат и оградат од ставовите на својот советник.

Во спротивно овој атак треба да се смета како смислено сценарио и позиции на владата. Не е прв пат првенци на владата да застапуваат ксенофобични ставови и да изразувааат непочит кон медиумите.

Секогаш кога немаат аргументи од власта одбрамбениот механизам се лажните обвинувања и лепењето на етикети дека некој прави атак врз Албанците.

Да не се заборави дека власта има селективен однос кон медиумите, делејќи етикети, премиерот и неговите луѓе да се конфронтираат со новинари и притоа да се не оградат од ваквите пoстапки.

Власта во заминување губи контрола и тоне во сопствената неспособност.

Исто така, и Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на Канал 5 со кој, како што велат „неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот“.

„Исмет Рамадани, во недостаток на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа“, соопшти Демократскиот сојуз.

Од таму бараат Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на Канал 5, како и на јавноста

Back to top button
Close