ВМРО-ДПМНЕ со реакција на пресот на Костова: Лошата економска состојба во државата и стандардот на граѓаните е токму последица на седум годишното владеење на СДС
По пресот на Костова, потпретседателката на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција во јавноста.
– СДС го покачи ДДВ за прехранбени производи и убедуваше дека чипсот е нездрав и луксузен продукт, а со Новогодишната кошничка за прв пат се опфатени 1000 производи. Новоназначените кадри на високи позиции во СДС, од третиот и четвртиот ешалон на владеење на Зоран Заев, како да заборавија дека до пред шест месеци беа власт, изјавија ВМРО-ДПНЕ
Тие додадоа дека СДСМ го покачи ДДВ-то за прехранбените производи за време на нивниот мандат.
– За време на нивното владеење доведоа над 500 илјади македонски граѓани на раб на сиромаштија кои денот го поминуваа со 150 денари, пензионери кои протестираа пред влада со празни тегли затоа што пензиите кои што им ги даваше владата на СДС не им стигаа дури ниту за зимница да си направат. Инфлацијата во време на владеење на СДС беше двоцифрена, а економијата ја уништија на сметка на фирми блиски до нов кои заработија милиони.
ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека со нивната акција „новогодишна кошничка“ ќе обезбедат пониски цени на прехранбените производи и ќе го заштитат стандардот на граѓаните. Тие изјавија дека преземаат конкретни мерки за раздвижување на економијата меѓукои и странски инвестиции, покачување плати и пензии, како и заштита на стандардот.