ВМРО-ДПМНE:Заев призна дека нема план како да ја води државата

30 август 2020

Зоран Заев и СДСМ ги изманипулираа граѓаните пред избори. Во јуни Заев вети 36.000 денари плата, сега од собрание ретерира и вели 34.000 денари.

Граѓаните нема да добијат ниту 36.000, ниту 34.000 денари плати, исто како што не добија 30.000 денари плата, која Заев ја ветуваше уште во 2016 година.

Заев вчера и призна дека нема план како да ја води државата.

Заев и СДСМ не ги ни спомнаа земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани кои ги лажеа пред избори.

Заев вчера најави крах.

Заев најави криза од есен. 6 – 8 месеци тежок период за граѓаните и економијата. Тоа е се заради неговата неспособност.

СДСМ не беше во можност да се справи со првиот бран на коронавирусот и позајми над 1 милијарда евра, за кои никој не знае каде завршија. А сега прогнозира уште потешка криза и тоа која ќе трае подолго од првата. Кига за првата потриши 1 милијарда, колку ќе потроши за втората?! И кои ќе бидат последиците врз економијата?!

Заев само не тоне како држава. Хаосот ќе продолжи, исто како и криминалот, корупцијата, рекетот и сиромаштијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————–

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Back to top button
Close