ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го правда растурањето на Вевчанскиот карневал, а молчи за фештите на СДСМ
Тепањето граѓани е спектакл за Оливер Спасовски. Откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, македонскиот народ е сведок и гледа како истиот тој човек удира врз граѓаните и ги тепа низ улици, а криминалците слободно се шетаат низ државава“,
порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму го обвинија Спасовски дека полицијата го растурила Вевчанскиот карневал, а тој молчи за прослави и кршење на мерките за заштита од ковид-19 од страна на функционери од власта.
„Не држи вода никакво оправдување да тепаш маскирани учесници во карневал, особено не во Вевчанскиот карневал, а да молчиш за фештите што ги правеа функционерите на СДСМ во Штип, на забавите среде Скопје во локалите на луѓе блиски до власта, за роденденските прослави во институциите, за десетици други примери на прекршувања и на собири. За бруталноста во Вевчани Оливер Спасовски и неговиот шеф Зоран Заев ќе сносат одговорност затоа што дигнаа рака врз македонскиот народ. Граѓаните на Република Македонија не се безбедни со ваков министер за внатрешни работи и ваква влада. Во Македонија секој ден има сѐ повеќе криминалци што шетаат со пиштоли, а кои, пак, имаат поддршка од бандитите што се на власт“,
се вели во партиското соопштение.