ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Ковачевски не можат да се справат со дојавите за бомби

 

Дојавите за бомби можеби се хибриден напад, но неспособноста на Ковачевски и Спасовски е очигледна и типична за СДС.

После три месеци дојави за бомби во училишта, институции, станбени објекти, трговски центри, а сега и аеродром, хотели и спортски објекти, дури сега им текна да побараат меѓународна помош од нашите партнери. Зошто Спасовски и Ковачевски чекаа толку долго? Зошто навреме не ги искористија сите домашни и меѓународни капацитети да се справат со ваквата безбедносна закана која шири тензии и страв кај граѓаните?

Неспособноста на Оливер Спасовски станува безбедносен проблем за Македонија. Тој е веќе осма година на позицијата министер за внатрешни работи. Резултатот на тоа е опаѓање на професионалноста и авторитетот на полицијата. Поради вработување на  партиските кадри и лица со досие, полицијата се доведе во состојба да не може да одговори на заканите по редот и мирот во Македонија.

Затоа е неопходно Спасовски да си поднесе оставка, а владата предводена од Ковачевски час поскоро да ја признае својата неспособност и да побара помош од домашни и странски експерти да се влезе во траг и да се санкционираат ваквите дојавувачи на бомби.

Back to top button
Close