ВМРО ДПМНЕ- Таче не се криј зад Цаци, прифати избори

Стани Таче, не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, зашто секој ден е сѐ полошо со СДСМ, повика денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија наместо премиер доби стендап комичар и дезертер. Неговите гафови и шеги кои никој не ги разбира говорат за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се носи и да ги решава проблемите на граѓаните. Заслугите на овој стендап комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата. Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата која не му била ставена на биро, и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека Ковачевски е на мака „кого повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица, или Али Ахмети од Зајас“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close