ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат структури подготвени за нови национални отстапки само за да дојдат на власт

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да дозволи „омразата и песимизмот да станат национална идеологија“, оценувајќи дека дел од политичките противници наместо да понудат идеи и решенија, шират дефетизам и работат против интересите на државата

Во партиското соопштение се наведува дека предизвикот на сегашната генерација политичари е да ја зачува Македонија силна, економски просперитетна и праведна држава, во која граѓаните ќе имаат доверба во институциите, а младите ќе гледаат перспектива да останат, да работат и да создаваат семејства.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека постојат политички структури кои, според нив, се подготвени на нови отстапки во замена за доаѓање на власт и дека со создавање „хистерија, лаги, омраза и песимизам“ се обидуваат да ја убедат јавноста дека државата нема иднина. Партијата во соопштението наведува и дека „народот никогаш нема да прифати нови отстапки од националните идентитетски прашања на евроинтегративниот пат“.

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните да не подлегнуваат на, како што наведува, „дефетизмот“ што го шират нивните политички противници и порачува дека ќе продолжи со политиките насочени кон економски развој, владеење на правото, борба против криминалот и јакнење на институциите. Партијата додава дека ќе се залага за создавање услови во кои трудот ќе се вреднува, а младите нема да бидат принудени да ја напуштаат земјата

Back to top button
Close