ВМРО-ДПМНЕ утре на протест, бара да се објави за што се преговора со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира предупредувачки протест во Скопје и во 10 други градови во земјата со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста, рече денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски на средба со новинарите.

Протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и тоа кај зградата на Нова Македонија, кај Парламентот и кај ТЦ „Мавровка“, како и во 10 други градови

Мицкоски на средбата со новинарите рече дека опозицијата не е информирана за преговорите со Бугарија. Повикувајќи се на сериозни дипломатски извори, Мицкоски рече дека се преговарало за прифаќање на услови од првите пет поглавја односно каде што се опфатени јазикот, културата, традицијата, историјата, посебноста… и тоа да влезе во патоказот.

Едно од можните сценарија, според него, е разговорите да продолжат по парламентарнитр избори во Бугарија и избор на политичка Влада.

Мицкоски, меѓудругото, потврди дека имал средба со претседателот Стево Пендаровски.

Back to top button
Close