ВМРО-ДПМНЕ утре повторно со автомобили ќе протестира за поскапувањето на струјата

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре повторно со автомобили ќе протестира за поскапувањето на струјата. Ова е трет протест на опозициската партија за поскапата струја,. Протестот во 18 часот ќе почне пред паркингот на спортската сала „Борис Трајковски”, по булеварот Партизански одреди, до пред Регулаторната комисија.

Мафијата на Зоран Заев ја урна економијата во Република Македонија. Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ останаа над 40 илјади граѓани на улица за пет месеци. Македонија има историски пад на БДП од 12.9%. Зоран Заев тргува со македонската историја, го продава Гоце Делчев. Земјоделците поради владата на СДСМ се на питачки стап. Протестираме и ќе продолжиме. Капакот на сѐ е поскапата струја која гризе од стандардот на сите. Затоа продолжуваме да протестираме против поскапата струја која носи сиромашен народ – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close