ВМРО-ДПМНЕ: Викендов граѓаните ќе можат да ги дадат своите идеи кои ќе бидат дел од општинските буџети

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека денеска и утре продолжува со акцијата „Твојата идеја за промени, биди дел од промените што носат иднина”.

– Од 11 до 15 часот општините ќе бидат отворени за граѓаните да ги достават своите предлог идеи и проекти кои што ќе бидат дел од општинските буџети за 2023 година. Оние граѓани кои нема да можат да ги посетат општините, својата идеја може да ја испратат на budzet.mk и истите ќе бидат разгледани од стручен и професионален тим, а секој проект кој е реален ќе биде реализиран, велат од партијата.

Посочуваат дека од минатиот викенд собрани се 845 проекти.

Back to top button
Close