ВМРО-ДПМНЕ: Владината одлука за кратење на средствата за партиите е соодветна, но задоцнета

ВМРО-ДПМНЕ смета дека одлуката на Владата за кратење на средства кои што би се доделиле на политичките партии е соодветна на кризната ситуација во која што се наоѓа државата, но дека е можеби и задоцнета.

„Ќе беше многу попродуктивно доколку оваа уредба беше донесена уште во текот на месец март и овие средства уште тогаш беа употребени во одредени болници или места кои што се на линијата на фронтот против ковид-19. Но доколку логиката на актуелната влада и целта е да се насочат што повеќе средства за борба против ковид-19 тогаш апелираме до фирмите на братот на Зоран Заев и до фирмите на Кочо Анѓушев кои што добија многу големи средства од антикризните мерки, а се фирми кои што прават многу голем профит добиените средства од владата да ги уплатат во солидарниот фонд на Нина Ангеловска. Само на тој начин фамилијата Заеви и високи до вчерашни или сегашни владини функционери ќе покажат дека навистина сакаат да и помогнат на Нина Ангеловска да има повеќе средства за борба против пандемијата“, изјави Антнонио Милошоски.

Тој исто така ја повика Владата парите од половина милион евра кои како што рече се доделени на блиски невладини организации меѓу кои и невладината организација на Јасна Мандиќ поврзана со „Рекет“ и „Меѓунарониот Сојуз“ да ги пренамени и да ги донира на солидарната сметка за борба со пандемијата.

Владата вчера на предлог на Министерството за правда донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичките партии остануваат во буџетот.

Back to top button
Close