ВМРО-ДПМНЕ: Власта никако да го заврши патот Штип – Радовиш
Зоран Заев по кој знае кој пат се слика на патни правци кои ги почна ВМРО-ДПМНЕ, а тој четврта година веќе не може да ги заврши.
Патниот правец Штип – Радовиш е почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ, а Заев никако да го заврши.
Заев е среќен што затекна многу патни правци од ВМРО-ДПМНЕ, но за жал со години не може да ги доправи.
Заев не е способен да почне ниту еден нов проект.
Да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт сите овие патни правци до сега ќе беа пуштени во употреба, а граѓаните ќе ги чувствуваат благодетите. Вака со Заев само слушаме ЌЕ.
4 години државата не е мрдната од мртва точка, а требаше да имаме 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта. Од тоа немаме ништо.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ