ВМРО-ДПМНЕ: Во 2019 не е Чулев министер, туку Спасовски!

ВМРО-ДПМНЕ  ја демантираше изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Ал Џезира: „Слушам во изјавите кои ги даваат деновиве дека станувало збор за една патна исправа која е издадена на 29 јануари, 2019 година. Па, кој беше тогаш министер“, рече Спасовски, алудирајќи на техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев.

„На 29 јануари 2019 министер е Спасовски, и тој го издал пасошот на наркобосот Валид Иса Хмаис. Или Спаовски не знае во која година живее, или намерно сака да манипулира. 2019 година министер е Оливер Спасовски. Изборите и техничка влада е 2020 година. Нема лек за лагите на Спасовски евидентен доказ дека е извор на лажни вести и главен логистичар на мафијата“, велат од опозицијата.

Од таму нагласуваат дека тоа што денеска Спасовски се обидел да се вади на Чулев покажува дека му е повеќе од јасно дека е виновен и дека е фатен во криминал до гуша.

 

Back to top button
Close