ВМРО-ДПМНЕ во водство со 22 отсто пред СДСМ со 16 отсто, покажува анкета на ИПСОС за потребите на опозицијата

Анкетата била направена во периодот од 17 септември до 6 октомври, теренски на примерок од 1 002 испитаници

Резултатите од анкета спроведена од ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека најголемата опозициска партија води пред најголемата владејачка партија, СДСМ, со четири проценти.

Анкетата била направена во периодот од 17 септември до 6 октомври, теренски на примерок од 1 002 испитаници.

На прашањето „Доколку се одржат предвремени парламентарни избори на кои би се кандидирале партии, а не коалиции за кого би гласале?“, 22 отсто од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ би гласале 16 отсто.

Следна е ДУИ со седум отсто, потоа Левица со шест, па Алијанса за Албанците со пет отсто.

Околу еден отсто од испитаниците одговориле дека би гласале за Беса, исто како и за ДПА, за Алтернатива и други.

Неодлучни биле 14 отсто, одбиле да одговорат 16, а 10 отсто рекле дека нема да гласаат.

Back to top button
Close