ВМРО ДПМНЕ за Јакимовски- „Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор“
ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција одговори на обвинувањата на Стевчо Јакимовски, порачувајќи му дека кривичната пријава против него била поднесена во периодот кога на власт бил СДСМ.

Во партиското соопштение Јакимовски е наречен „лице кое се наоѓа на црната листа на САД“, а од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека тој сè уште не може да се помири со изборниот пораз во Карпош.
„Лицето Стевчо Јакимовски, кој е дел од црната листа на САД, сè уште не може да се помири со фактот дека ги загуби изборите во Карпош, па секојдневно се занимава со ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата.
Од партијата му препорачуваат, како што велат, „следниот пат да се снима на Бихаќка пред штабот на СДС“, бидејќи кривичната пријава против него била поднесена токму во периодот на владеење на СДС.
„Му препорачуваме на Стевчо Јакимовски следен пат да се снима на Бихаќка пред штабот на СДС, затоа што кривичната пријава му е поднесена токму во времето на владеење на СДС“, стои во соопштението.
Во реакцијата се осврнуваат и на неговата здравствена состојба, наведувајќи дека им е чудно што Јакимовски, кој претходно секојдневно одржувал прес-конференции за здравствената состојба на Сотир, сега се повикува на болест кога треба да се соочи со правосудните органи.
„Не е болен за глупави изјави, но е болен кога треба да оди во затвор“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата следува откако претходно Јакимовски упати обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводна дивоградба на објект во Белата палата.






