ВМРО-ДПМНЕ за долговите за сликите: Заев да не дефокусира
Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што половина раководство му бара смена и се срами од него, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ ја обвини дека раководството не знае да ја раководи партијата и завршило во долгови поради уметничките слики со позлатени рамки.
Од опозицијата велат дека власта врши дефокусирање од „распродавањето на државата“ бидејќи, како што тврди, се водат тајни разговори помеѓу Скопје и Софија.
„За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Русковска обвинителството за притисоците и уцените што ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Социјалдемократите, пак, денеска посочија дека на вратата на опозицијата тропнале извршители поради неплатени долгови за околу 270 уметнички слики, кои ги нарача партијата во времето на Никола Груевски.