ВМРО-ДПМНЕ за иницијативата за смена на Мицкоски: Наместо борба против Заев, тие служат на неговите интереси
„Денес кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата. Во насока на транспарентноста, тие веднаш беа поканети на средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството, при што за жал, не изразија подготвеност за отворена и конструктивна средба бидејќи немале таква насока – се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат да ја достават нивната иницијатива за да биде разгледана од Централниот комитет на партијата.
-За ВМРО-ДПМНЕ наместо интригантските игри на „Мериот“ коалицијата која им служи на интересите на Заев, поважна е борбата против катастрофалното управување на државата. Тоа е главниот приоритет за партијата и ВМРО-ДПМНЕ и во иднина нема да се занимаваме со нивната намена да ја ослабат партијата и да помогнат на партијата на власт – пишува во реакцијата.