ВМРО-ДПМНЕ за новата „бомба“: Што ли кажал вчера Боки 13 што власта се испаничи за едно одење во болница?
Во првичната реакција за снимката, која упатува на средби на Мицкоски со Камчев, опозициската партија посочува на вчерашниот исказ на Бојан Јовановски во скопското обвинителство
ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува последната аудиоснимка, која упатува на средби што опозицискиот лидер Христијан Мицкоски ги имал со бизнисменот Орце Камчев – пред откривањето на аферата „Рекет“, со вчерашното појавување на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 пред Основното јавно обвинителство-Скопје.
„Што ли толку впечатливо кажал Бојан Јовановски во новиот исказ пред Обвинителството за власта толку да се засегне и толку панично да реагира и за едно обично одење во болница“,гласи првичната реакција од ВМРО-ДПМНЕ откако денеска беше објавена снимката која практично е продолѓение на разговорот на Мицкоски со Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина за „Рекет“