ВМРО ДПМНЕ за одлуката на апелација-Судството е на колена ,се користи за политички пресметки

За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај како и од Ахмети и ДУИ кои се активни партиципиенти во истата влада и ја споделуваат одговорноста за корумпираното судство, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на одлуката на Апелација за случајот „Таргет-Тврдина“.

„Едно е сигурно и очигледно во Македонија, а тоа е дека клиентелизмот, корумпираното судство и обвинителство преполно со кадрите на ДУИ и СДС, за што можевме да се увериме и во претходниот период со последните кадровски решенија во ОЈО, Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, каде од партиски штабови седнуваат во професионални институции, говори за тоа дека правосудниот систем во државата е клекнат на колена“порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што се наведува во соопштението , во Македонија нема случај каде победила правдата до крај, а вистината според ВМРО-ДПМНЕ е дека правосудниот апарат се користи за политичка пресметка и заштита на политички интереси на власта.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close