ВМРО-ДПМНЕ за партиската трибина на СДСМ: Полупразна игранка пред кооперација

Додека од една страна Ковачевски вечерва ги нарече ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски заложници на Левица и Димитар Апасиев, од друга опозициската партија му возврати дека тој е заложник на ДУИ. Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвинија лидерот на СДСМ за соработка со Данела Арсовска и велат дека наместо да ги осуди нејзините лаги, тој ги надоградува

Полупразна игранка пред кооперација на СДС која покажа дека со Ковачевски Зечевиќ е завршено.

Вака опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја нарече вечерашната партиска трибина на СДСМ во Скопје на која говореа лидерот на социјалдемократите и премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ. Нивните настапи, од опозицијата го оценија како досадни и полни со веќе видени лаги.

„Ковачевски со своите политики покажа дека е најголемото промашување на СДС. Наместо да кажува басни и однапред напишани говори добро беше да даде одговор: Како тоа криминалци и пробисвети кои се во брак со власта наместо во затвор стануваат угледни граѓани на оваа држава? Како тоа луѓе кои се невини се влечат по затворите додека најголемите криминалци се најдобри пријатели на владата? Како тоа партиските штабови на СДС ги наполнија судските институции и правосудството? Како оди Македонија напред кон ЕУ кога нема преговори туку нови уцени на штета на нашиот идентитет? Кој проблем го решија Ковачевски или СДС овие години? Лебот не поевтини, струјата поскапи. Компаниите не добија поддршка, а инфлацијата го осиромашува народот“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека од една страна Ковачевски вечерва ги нарече ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски заложници на Левица и Димитар Апасиев, од друга опозициската партија му возврати дека тој е заложник на ДУИ. Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ повторно го обвинија лидерот на СДСМ за соработка со Данела Арсовска и велат дека наместо да ги осуди нејзините лаги, тој ги надоградува.

„Ковачевски е заложник и слуга на ДУИ, и Ахмети. Вазалството негово се гледа во тоа што државата е блокирана, а ДУИ се однесува како стопан на Ковачевски и СДС. Ахмети на сиџимче го држи Ковачевски, и ДУИ освен институции и власт си го има Таче. Од друга страна игранката пред кооперација на СДС покажа дека Ковачевски е во целосен дослух со Данела Арсовска. Тој наместо да ги осуди нејзините лаги ги надогради. Сега е јасно што се договарало на тајните средби, и дека се лице и опачина на истата паричка која е криминогена матрица која ја разградува државата“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата тие го предизвикуваат премиерот да не чека до 2024 туку да излезат на избори сега.

Back to top button
Close