ВМРО-ДПМНЕ за писмото на Лога: Доаѓа време за одговорност за сите упади во закони во правосудниот систем

„Почитувани, оценката за правото во Македонија со Лога, со СДС и со ДУИ е добро позната и во Македонија и во меѓународната заедница. Кренар Лога, заедно со СДС и ДУИ, е во опозиција. Доаѓа време за одговорност, за сите упади во закони во правниот и судскиот систем“,

беше одговорот на портпаролот Стоилковски на прашањето за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за писмото на Лога.

Во писмото испратено до официјален Брисел, Вашингтон и до дел од странските амбасади во земјава, министерот Кренар Лога изрази загриженост поради најавата на ВМРО-ДПМНЕ, која партијата ја даде уште пред изборите, дека доколку дојде на власт ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Оценувајќи ги за избрзани и опасни, Лога во писмото вели дека најавите за распуштање на овие две тела ќе доведе до концентрација на моќта на трите власти кај една партија што, како што додава, ќе значи пресликување на состојбите од пред 2017 година, кои довеле до заробена држава.

Back to top button
Close