ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со граѓаните денес блокада на Владата, МНР и Министерство за правда
И денес продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата.
ВМРО-ДПМНЕ го предупредува македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара.
Го креваме гласот за предавствата на оваа власт.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните денес (03.12.2020) продолжува со блокада на Владата, МНР и Министерство за правда, од 17 до 18 часот.
Да се обединиме против злото наречено Зоран Заев.
Да не молчиме. Бараме оставка на Заев, слобода на народот!