ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја донесе нацијата пред самоукинување

Зоран Заев ја доведе македонската нација пред обезглавување. Светски медиуми лиферуваат вести дека договорот со Бугарија кој Заев го води ќе резултира со прифаќање на бугарски корени на македонската нација и јазик.

Зоран Заев со своето недржавничко однесување ја донесе нацијата пред степен на самоукинување.

Ниту една држава во светот нема забрана за национално самочувство, само македонската, затоа што Зоран Заев е премиер.

Зоран Заев се уште молчи како што молчи недели наназад и не кажува дали и кој е неговиот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.

Заев нема став исто како што немаше за ништо до сега. Затоа нацијата се соочува со катастрофи на секое поле.

Заев не покажа ниту менаџерски способности да се справи со КОВИД кризата, како здравствено, така и економски. Се што прави е само да удира по џебот на граѓаните за да го полни буџетот.

Македонија со Заев тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close