ВМРО ДПМНЕ: Заев гарантирал 100 милиони евра за криминален проект, за тоа има и аудио-видео докази

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е да изградиме јасни и цврсти национални позиции по клучните прашања. - МИА

Врти сучи аферата со Меѓународниот сојуз во јавноста познат како продолжеток на „Рекет“, пак се поврзува со Зоран Заев.

Впрочем нема криминал во Македонија кој не е поврзан со Зоран Заев.

Имено според денешното рочиште Зоран Заев гарантирал 100 милиони евра за изградба на спорните домови и за истото постоеле докази и аудио-видео материјали. Затоа денес судот се препелкаше и бараше начини како овие информации да не излезат во јавност.

Ова е уште една потврда дека власта на Заев, па дури и самиот тој биле вмешани во изнудување на милиони евра од бизнисмени. Градоначалници потпишувале меморандуми, партиски функционери таргетирале бизнисмени, а Заев гарантирал стотици милиони. Да потсетиме дека првообвинетиот во овој случај лично тврдеше дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а приложените докази тоа тврдење и го поткрепуваат.

Криминал пар екселанс. Сега има 100 милиони причини за проширување на истрагата.

Заев може да се бега од одговорност, судството може да го спасува, ама вистината излегува на виделина.

Back to top button
Close