ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана. Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче.

Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем.

Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа.

Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close