ВМРО-ДПМНЕ: Заев се бори за власт за да може и понатаму да тера бизнисот на фамилијарниот картел и да може да се спаси од одговорност за кршењето на законите

 

Зоран Заев е транзициски криминалец, аболициран за криминал од 8 милиони евра, ослободен од Луј Витон правосудството за очигледниот случај Поткуп, вмешан во изборен поткуп и редица други криминали во кои е до гуша заглавен.

Токму затоа Заев се бори за власт, за да може и понатаму да тера бизнисот на фамилијарниот картел и да може да се спаси од одговорност за кршењето на законите. Тоа е причината поради која се прави оваа тендерашка власт во која Заев на Македонија и нуди истрошени транзициски ликови.

Со Заев Македонија може само да тоне уште повеќе во корупција, криминал и сиромаштија. За да може кланот на Заеви и понатаму да ги полни џебовите со народни пари, граѓаните остануваат без работа, десетици илјади не земаат редовно плата, а сме уникатен случај во Европа на која и пропадна банка од која само министерката за финансии и неколку фирми успеа да ги извлечат парите.

Со власт на Заев единствено организирано работи само криминалот. Над 1 милијарда евра порасна долгот за само три месеци, долг кој секој граѓанин и неродено дете во Македонија ќе треба да го враќа во иднина.

 

___________________________________________________________

Back to top button
Close