ВМРО-ДПМНЕ:Заев треба да си оди за да се сочува Македонија

Кога Бугарија би знаела дека ќе го имаат Заев немаше потреба да издадат ниту еден бугарски пасош. Заев е најдобриот бранител на бугарските интереси во земјава, тој по брусењето на сонцето од плоштадите, сега ќе ги бруси спомениците на кои пишува дека Бугарите биле окупатор и дел од фашистичкиот сојуз. Овој чекор е директно ретуширање на историјата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев за бизнис интереси го продава идентитетот на народот. Заев е премиер кој има концесии кон Бојко Борисов. Македонскиот идентитет за Заев чини колку рудникот Иловица, една телевизија, една банка, државни акции во телекомоникациска компанија, и оптички конекции и провизии. Ова се работите кои Заев му ги ветил на Бојко Борисов. Заев е срам за Македонија и треба да си оди. Заев нема ниту сила ниту кредибилитет за добар договор со Бугарија. Со Заев е можен договор само преку продажба на државните и национални интереси на Македонија. Заев треба да си оди за да се сочува Македонија“, велат од најголемата опозициска партија.