ВМРО-ДПМНЕ: Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците

 

Хаосот кој го зафаќа образованието станува непоправлив. Македонското образование е во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење на власта.

СДСМ е во обид да протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата.

Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието.

Ако навистина СДСМ и владејачкото мнозинство се грижеа за платите на образовниот кадар, ќе го прифатеа поднесениот амандман на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација во образованието. На државата и е потребен професионален, а не партиски образовен кадар.

Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има.

Власта единствено мисли за лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните.

Back to top button
Close