ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН подготвуваат нов Закон за двојазичност

Kако коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон за употреба на јазиците на етничките заедници, вели Горан Минчев, министер за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Минчев вечерва во гостување во „Тема на денот“ се осврна на очекувањата за вториот изборен круг на локалните избори истакнувајќи оти не верува дека има атмосфера на неподдршка во рамки на коалицијата, по укинувањето на алатката „Балансер“, којашто истакна дека е одлука на Уставниот суд.

– Не сме ускратиле ние, тоа е одлука на Уставниот суд. Ние напротив, како коалиција веќе сме во завршна фаза на еден нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници, кој во овој момент е во Венецијанската комисија. Така што тоа е само перцепција. Не верувам дека ќе има атмосфера на неподдршка во рамки на нашата коалиција, но тоа е и плод на минатите парламентарни избори каде што ДУИ со својот пи-ар и нашата конкретна политика дека ДУИ е неприфатлив партнер во Владата, наметна таков став во јавноста што апсолутно не е така. Безброј пати докажавме дека градиме држава за сите граѓани од која било етничка заедница и се гордееме со тоа. Во прилог на тоа беше и нашата платформа што ја предложивме за единство не само на македонскиот народ, туку и на сите етнички заедници – рече Минчев.

Тој очекува до крајот на годинава да биде изгласан и закон за висока раководна служба.

Back to top button
Close