ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев заедно со СДСМ го уништи судскиот систем
Сooпштение на ВМРО ДПМНЕ:
Со СДСМ и Зоран Заев судскиот систем ќе тоне, ќе се носат диригирани пресуди во корист на моќници.
Зоран Заев заедно со СДСМ го уништи судскиот систем.
Со СДСМ судството ќе продолжи да тоне.
Со СДСМ на власт случаи ќе застаруваат, „обичниот“ граѓанин ќе биде казнуван, а на моќниците ќе им се простува, ќе продолжи да цвета корупцијата, непотизмот и партизацијата.
Граѓаните се сведоци дека со државата управува мафија. А, на мафијата им се потребни послушни судии кои што ќе пресудуваат во нивна корист.
Поради тоа власта ќе се пресметува со неистомислениците преку судот, ќе нарачува обвиненија, ќе монтира случаи, ќе избира подобни обвинители и судии, ќе прави се што сака.
Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ бара целосна ревизија на судската пресуда за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечниот ресторан во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ со згрозување констатира нефункционалност и целосна политичка инструираност на судската власт.
Вистинското прашање е дали со ваквата неправедна пресуда се штити локален моќник? До кога правдата во Македонија ќе биде неспроведувана?
Од оваа влада можеме да очекуваме само неуспеси и разочарувања.