ВМРО на Каракачанов не влегува во Парламентот со 54,63% пребројани гласови

ВМРО не ја преминува границата од 4% за влез во новото Национално собрание. За таа партија, според податоците на бугарската Централна изборна комисија до 9,30 часот гласале 3,55% од граѓаните, со 54,63% на сто обработени протоколи на СИК во РИК.

Партијата на досегашниот бугарски премиер, Бојко Борисов ГЕРБ  има 24,88% од гласовите на изборите за 45-то Национално собрание.

Партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ освои 18,74%, додека главната опозициски партија  БСП заостана многу и собра поддршка од 14,91% од гласовите.

„Демократска Бугарија“ цврсто ја престигна ДПС и собра 10,53%, додека ДПС освои 8,99% од гласовите. „Исправи се. Мутри надвор“ собра 4,98% од гласовите.

Под прагот остануваат партијата на најбогатиот бугарски бизнисмен, кој се крие од правдата во Дубаи – Васил Божков, чија формација БНО доби 3,14 отсто, како и партијата „Преродба”, која има 2,79 проценти од гласовите.

Back to top button
Close