ВМРО-Народна: Дали има докази дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашизмот?

Од ВМРО-Народна партија денеска реагираат на поврзувањето на Ванчо Михајлов со фашизмот и сугерираат дека нема ниеден правно поткрепен доказ дека тој бил соработник на фашизмот.

-Во поглед на се почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб „Ванчо Михајлов“ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти, а во насока на почитување и унапредување направната држава како еден од столбовите на Северна Македонија прашуваме дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот, а притоа тој доказ да е правно поткрепен и во Македонија но и во Европа. Ако во Југославија, но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек, велат од партијата.

Од партијата сметаат дека секое паушално обвинение кое не е правно поткрепено од македонскиот или меѓународниот правен систем само ја зацврстувало несериозноста и доведувало до низа историски небулози кои пак на крајот завршувале како монети за поткусурување и алатка за нови поделби во државата.

Back to top button
Close