ВМРО-Народна: Караџоски да не иронизира дека ковид тестовите наликувале на тие за бременост

ВМРО- Народна партија реагира на изјавата на д-р Жарко Караџовски и го повика да не иронизира туку да ја расчисти дилемата за брзите тестови за ковид-19.

– Бидејки не можеме да ја разбереме контрадикторноста на претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р. Жарко Караџовски кој од една страна се сомнева во брзите тестови за ковид-19, а притоа и самиот констатира дека во наредниот период ќе се набавеле како што кажа самиот тој, брзи тестови за брзо дијагностицирање на ковид-19, ги приложуваме овие фотографии  на брз тест кој е набавен во аптека во соседна Бугарија без рецепт по цена од 12 евра.  Се надеваме дека д-р Жарко Караџовски ќе ја расчисти дилемата и ќе може да донесе чист заклучок без да се иронизира моментот дека штом се продавале во аптека брзите ковид-тестови наликувале на тестови за бременост – велат од ВМРО-Народна.

 

Back to top button
Close